Мечка влегла во домот на екс-пратеникот Латиф Пајкоски во селото Жировница во Општина Маврово-Ростуше

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Мечка влегла во домот на екс-пратеникот Латиф Пајкоски во селото Жировница во Општина Маврово-Ростуше, а тој преку социјалните мрежи порачува дека не им преостанува ништо друго на граѓаните освен да се самоорганизираат со цел да се спречи некој да настрада.

Пајковски алудира на законот кој ги штити мечките од убивање, но и на неодамнешниот инцидент во овој крај кога граѓани соочени со диви ѕверови во самоодбрана убиле две од нив.

„Синоќа околу 22 часот, пред мојата куќа. Ајде да ве видам вие умоболни бирократчиња што ја штитите мечката, а ништо не преземате за да го заштите населението, повелете барем една вечер бидете мои гости во Жировница, но не сами туку со вашите деца. Очигледно ни преостанува да се самоорганизираме и да се штитиме и самите и нашите имоти со сѐ што располагаме. Нека ова биде и едно од последните укажувања”, пишува Пајкоски кој е револтиран што законите ги штитат мечките, а никој не ги штити луѓето од мечките.

Пајкоски беше пратеник од редовите на СДСМ. Беше член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Турција. Беше и член на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот при Собранието на РМ.

Share This Article