Арачели Торатдо, аргентинска манекенка, поднесе тужба против Давид Налбандијан, познат тенисер, за нелегално, неовластено и тајно снимање.
Налбандијан практично беше фатен на дело, па тешко ќе се извлече од оваа ситуација без посериозни последици.
Во мојата спална соба стави камера за да ме снима гол, како и во приватни моменти со семејството и пријателите“, напишала меѓу другото Торадо во својата тужба.
Аргентинската манекенка истакнува дека е вознемирена поради се што се случило.
„Откако дознав дека тој секогаш има видео од она што го правам во неговиот телефон ме натера да паничам. Побарав од судот да ги најде сите негови уреди со видеа од мојот живот и да му ги одземе. Не сакам такво нешто да биде во туѓи раце“.
Налбандијан и Торадо се забавуваа само неколку месеци и живееја заедно во Буенос Аирес. Таа по раскинувањето остана во истиот стан, а Налбандијан го искористи тоа и ја стави камерата во отворот за вентилација. Камерата случајно ја забележал нејзиниот брат бидејќи трепкала.
„Побарав од судот да му забрани да ми приоѓа. Последниот пат кога разговаравме, се закани дека ќе ме бара. Ќе морам да се сокријам од него. Тој дури и малтретираше една од моите пријатели за да му каже дали излегувам со некого“, истакна Торадо.
Таа откри и дека и било тешко да се живее со него за време на врската.
„Ме малтретираше безброј пати, дури и сексуално. Поминав низ пекол. И кога ја прекинав врската, наместо да ме разбере, тој со сила сакаше да продолжам да спијам со него“.
Налбандијан беше треторангираниот тенисер во светот, а најголемиот трофеј го освои на завршниот Мастерс во Шангај во 2005 година. Тој е единствениот во историјата кој ги победил Ѓоковиќ, Надал и Федерер на ист турнир, а тоа се случи во Мадрид во 2007 година.
Во својата тренерска кариера дури соработуваше и со Миомир Кечмановиќ.
Денес Торадо работи и како радио водител во Росарио и често е промотор на автомобилски трки. Таа дури имаше улога во претстава.