Пред речиси два месеци во европските таблоиди се појави информација дека францускиот напаѓач се бакнува со Инес Рау, трансродовата манекенка која го променила полот на 16 години.
Тие беа во врска неколку месеци, заедно беа видени на филмскиот фестивал во Кан, но Мбапе не сакаше да ги потврди или негира гласините за љубовна врска со Рао. Сепак, се чини дека нивната романса не траеше долго.
Тој наводно сега е во врска со Роуз Бертрам, 28-годишна манекенка од Белгија која до пред неколку месеци беше во врска со друг фудбалер, Грегори ван дер Вил, кој се пензионираше. Тие беа заедно осум години и имаат две девојчиња, пишува англискиот таблоид Дејли Стар.
Бертрам се занимава со манекенство од својата 13-та година, а беше заштитно лице на неколку познати модни брендови.
За крај да додадеме дека нејзиниот поранешен избраник Ван дер Вил го облече дресот на Ајакс, ПСЖ, Фенербахче, а за холандската фудбалска репрезентација забележа 46 настапи.