Приказните за заминувањето на Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен моментално се главна тема во светот на фудбалот.
Францускиот ас се поврзуваше со Реал Мадрид. Се зборува и дека парижаните летово го продаваат брзоногиот напаѓач за тој да не замине без обештетување.
Сега самиот Мбапе објави се во изјава за Gazzetto dello Sport.
„Не побарав да го напуштам ПСЖ или да заминам во Реал Мадрид. Само им кажав на луѓето од клубот дека нема да ја активирам опцијата за продолжување на договорот по јуни 2025 година. „Никогаш не разговаравме за нов договор, но среќен сум што останувам овде и следната сезона“, изјави Мбапе.
..