Килијан Мбапе пред половина година беше на прагот да замине во Реал Мадрид. Сепак, на крајот одлучи нереалната бројка што му ја понуди парискиот клуб.
Le Parisien откри колку пари добил Мбапе за да остане во Париз – за потпишувањето на договорот добил 180 милиони евра, а неговата плата е 72 милиони евра годишно.
Дополнително, за секоја година во клубот ќе добива одредени бонуси – по првата сезона 70 милиони евра, по втората 80 милиони, а по третата дури 90 милиони.
Кога ќе се сумира се, ако остане три години во клубот, Мбапе ќе добие нереални 630 милиони евра.
Брзоногиот француски напаѓач одигра вкупно 232 натпревари за ПСЖ, постигнувајќи 180 голови и 90 асистенции.