More

    Мажот кој синоќа околу 21 часот на наплатата рампа кај Прешево, Србија, застрела жена и потоа се самоуби, е 56-годишен Албанец од Тетово

    spot_img

    Мажот кој синоќа околу 21 часот на наплатата рампа кај Прешево, Србија, застрела жена и потоа се самоуби, е 56-годишен Албанец од Тетово. Жената е од Србија, има неколку сериозни повреди од куршуми и за нејзиниот живот се борат лекарите во Клиничкиот цетар во Ниш, објави МКД.

    Очевидците велат дека на трагичниот настан му претходела расправија во автомобилот на тетовецот. Во еден момент жената излегла од возилото и започнала со трчање да бега. Мажот излегол од автомобилот и во неа испукал неколку куршуми. Отишол кон местото на злосторството и се застрелал во главата.

    Жената давала знаци на живот и веднаш била однесена во Здравствениот дом во Врање. Тамошните лекари утврдиле дека се потребни сложени хируршки интервенции па била донесена одлуката веднаш со возило на итната помош да биде транспортирана на Универзитетскиот клинички центар во Ниш. Таму била примена половина час по полноќ.

    Лекарите најнапред извршиле преглед додека траело нужното згрижување. Утврдени биле повреди на трахеите, на вратните пршлени, дијагностицирана била инкулзија на воздух во градната празнина и контузија на левото белодробно крило.

    По хируршките интервенции младата жена е префрлена на Клиниката за интензивна нега каде се следи состојбата и се прават прегледи заради евентуални нови хируршки интервенции.

    Во српското МВР велат дека засега не можат да соопштат што всушност била причината за расправијата со трагични последици.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img