Американската актерка Сидни Свини е жената на годината за 2024 според магазинот „Гламур“, а тоа е само уште една нејзина титула, по освојувањето на онаа за најсексапилна жена на планетата во моментот.
Ѕвездата на сериите „Еуфорија“ и „Белиот лотос“ беше прогласена за најсексапилна жена на светот, а со своите неодамнешни објави на Инстаграм повторно ја вжешти температурата.
Имено, Свини позирала гола во када за да промовира линија производи гел за тело, а интернетот „полуде“ по тие сцени.
„Продажбата отиде во стратосфера“, „Ова можеби е најдобриот маркетиншки тим што некогаш сум го видел“, напишаа корисниците на социјалните мрежи.
Инаку, актерката постојано добива комплименти за својата убавина, а всушност, постои научна причина зошто ја сметаат за толку неверојатно убава.
„Убавината на Сидни Свини е вкоренета во фактот дека нејзините црти на лицето се симетрични и тесно усогласени со совршена хармонија и пропорција. Овие идеални пропорции на лицето често се нарекуваат “златен пресек”. Златниот пресек може да се примени и на обликот на градите. Анатомија на половината и односот на задникот и половината. Кога ја анализираме нејзината фигура користејќи ги овие соодноси, таа ги исполнува сите критериуми“, рекол пластичниот хирург Онур Гилеар.