More

    Мажите ги нападнале поранешните сопруги во Скопје, Куманово и во Радовиш

    spot_img

    Три случаи на насилство врз жени се случиле вчера, информира полицијата.

    Во СВР Скопје вчера во 23.50 часот 40-годишна жена од Кавадарци, со живеалиште во Скопје пријавила дека околу 18.00 часот во продажно место на подрачјето на Драчево во Скопје, додека била на нејзиното работно место, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер З.Р., кој употребил тврд предмет.

    Полициски службеници од ОВР Радовиш вчера во 23.30 часот го привеле У.Ш. (65) од Радовиш, по претходна пријава затоа што истиот ден околу 21.00 часот физички ја нападнал неговата поранешна 57-годишна сопруга во нејзиниот дом.

    И во СВР Куманово вчера во 12.30 часот 65-годишна жена од кумановско село пријавила дека претходниот ден околу 19.15 часот во семејната куќа била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.В.(71).

    „По целосно документирање на сите три случаи  ќе следува соодветен поднесок“, информира полицијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img