More

    Маж заклал 16-годишно девојче и ги избодел нејзините блиски

    spot_img

    16-годишно девојче е убиено во белградската населба Рипањ по соседска расправија, во која се ранети и нејзиниот вујко, баба и мајка, објавуваат српските медиуми.  Според информациите на „Блиц“, на убиството му претходела расправија меѓу Стојан Илиќ, 38-годишен, и тројца соседи кои исто така ги нападнал.

    – Стојан со нож повреди три лица, а девојката (16) ја однел на околу 1,5 километар од куќата, во блиската шума, каде што ја убил, најверојатно со нож – вели изворот на „Блиц“.

    Се претпоставува дека убиецот претходно го силувал девојчето. Според некои српски портали, убиството било претходно планирано, а не во афект, како што гласеше првичната верзија. Наводно, Илиќ бил во добри односи со братот на девојчето, и тоа го искористил за да дојде до него и да го киднапира, а потоа и да го убие.

    Мештаните додаваат дека Стојан Илиќ по злосторството побегнал со црно „поло“ и дека рекол дека ќе си пресуди сам. Убиецот, сепак, набргу бил уапсен, а пред апсењето и се заканил на полицијата со нож. Неофицијално, Стојан мислел дека врз него е фрлена црна магија и дека тоа го направиле неговите соседи. Тој е обвинет за тешко убиство и се соочува со доживотен затвор. Осомничениот досега бил пријавуван во полиција 20 пати.

    Телото на несреќната девојка е пренесено на обдукција во Институтот за судска медицина. Имала неколку посекотини на стомакот. Лекарите се обиделе да го оживеат девојчето, но не успеале.

    Инаку, како што јавува Курир, станува збор за семејство кое има шест деца и кое живее во многу тешки услови.

    – Чесно и работливо семејство, живееја во многу тешки услови, додека добри луѓе не им помогнаа да ја обноват куќата. Таткото го издржува семејството со напорна физичка работа. Пред три години им избувна пожар во куќата, потоа практично останаа без покрив над главата – вели соговорникот на Курир и додава дека од куќата се слушаат врисоци и плач на жена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img