Голема полициска акција е во тек во областа Градачац, каде полицијата трага по маж за употреба на огнено оружје.
Беше употребено огнено оружје. На терен се испратени специјални екипи и акцијата е во тек.
„Денес, 10.08.2023 г. Во Градачац машко лице употребило огнено оружје при што според првичните информации се повредени неколку лица. Интензивно се трага по лицето. За настанот бил информиран кантоналниот обвинител. Полициски службеници се на лице место и ги преземаат потребните мерки и дејствија. На терен се упатени и екипи на Полициската единица за специјална поддршка“, соопштуваат од МУП на Т.К.
Како што се дознава, мажот ја убил сопругата со огнено оружје.