More

    Маж со пиштол убил две жени на паркингот на една црква во американската сојузна држава Ајова, а потоа се самоубил

    spot_img

    Маж со пиштол убил две жени на паркингот на една црква во американската сојузна држава Ајова, а потоа се самоубил. Истовремено, две лица се ранети на гробишта во Висконсин, пренесува Ројтерс.

    Пукањето во Ајова се случило вчера, пред црквата Корнерстон, фундаменталистичка христијанска црква, додека траела богослужбата, а кога полицијата пристигнала на местото на настанот, пронашла тројца мртви, соопшти канцеларијата на шерифот.

    Во меѓувреме, во второто пукање исто вчера, две лица биле ранети на гробишта во Висконсин кога напаѓач испукал повеќе истрели кон луѓето кои присуствувале на погреб, соопшти полицијата.

    Едната жртва била пренесена во локалната болница и пуштена, а другата е префрлена во болница со сериозни повреди, изјави претставник на полицијата, истакнувајќи дека сѐ уште се трага по напаѓачот.

    Соединетите Американски Држави во последните неколку недели се потресени од масовните престрелки во кои загинаа 10 Афроамериканци во северниот дел на Њујорк, 19 деца, двајца учители и двајца лекари во Тексас, рецепционер и пациент во Оклахома.

    Американскиот претседател Џо Бајден вчера го повика Конгресот да го забрани офанзивното оружје, да ги заостри процедурите за лиценцирање и да спроведе други мерки за контрола на оружјето за да се реши проблемот со масовните престрелки, јавува Ројтерс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img