Браковите веќе не се она што беа, особено кога станува збор за верноста на партнерот. Еден човек го откри тоа на потешкиот начин.
Имено, тој прво се шокирал кога дознал oд неговиот пријател дека неговата сопруга има профил на порнографската платформа „OnlyFans“, по што открил дека таа всушност се занимава со проституција и се среќава со клиенти.
За да се увери во тоа, тој отворил лажен профил на платформата користејќи псевдоним и договорил да се сретне со неа во хотел. Неговата сопруга ја отворила вратата од хотелот облечена во долна облека.
Жената со солзи во очите се обидувала да му објасни на сопругот дека тоа го правела за да му помогне на семејството.
– Што правиш овде? За што зборуваш? Не се среќавам со клиенти. Чекај, можам да објаснам сè. Дојдов овде да танцувам. Знаеш, хипотеката… – оваа жена по име Катрина низ солзи се обиде да се оправда, но нејзиниот сопруг не нападна на патетичната приказна дека таа го направи тоа за доброто на семејството.
На крајот ѝ рекол дека ќе ги исфрли сите нејзини работи надвор од дома, а не мрднал ниту кога таа почнала да ги спомнува децата.
– После сето ова, се прашувам дали тоа воопшто се мои деца – рекол тој излегувајќи од хотелската соба.
Двојката била четири години во брак