Маж на возраст од 22 години денеска уби пет лица во северна Франција, по што ѝ се предал на жандармеријата, признавајќи ја одговорноста за нападите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Маж на возраст од 22 години денеска уби пет лица во северна Франција, по што ѝ се предал на жандармеријата, признавајќи ја одговорноста за нападите.

Четирите жртви, убиени во близина на Данкерк, се двајца чувари и двајца мигранти, додека, пак, петтата жртва, 29-годишен бизнисмен кој починал во Вормхаут.

Според весникот Призиен, жандармеријата околу 15 часот добила дојава за пукање и за едно лице кое било пронајдено во несвест. По пристигнувањето, еден маж бил пронајден со повеќе повреди, меѓу кои и прострелна рана во главата. Лекарите на местото на настанот можеле само да констатираат смрт.

Сопругата на жртвата, која била во куќата за време на нападот, изјавила дека нејзиниот сопруг излегол да провери што се случува откако слушнал звук од автомобил. Тогаш непознатиот напаѓач излегол од возилото и испукал неколку куршуми кон него пред да избега.

Околу 17:00 часот, 22-годишен француски државјанин се појавил во станицата на жандармеријата во Гивелде каде што ја признал одговорноста за убиството во Вормхаут и за четири убиства во Лун-Плаж, информира извор близок до истрагата. Во неговото возило биле пронајдени четири огнени оружја, а напаѓачот веднаш бил уапсен.

Инспекторите сметаат дека причината за нападот би можела да биде спор меѓу осомничениот и компанијата на која и припаѓала жртвата од Вормхаут. Осомничениот споменал поранешни колеги, но расистичкиот мотив засега не е во центарот на истрагата.

Share This Article