More

    Маж ја ранил љубовницата, ја убил сопругата и на крајот си пресудил

    spot_img

    Маж од селото Милутовац, Зоран Р.(54), утринава околу 6 часот и 30 минути во населбата Расадник во Крушевац пукал во жена, за која се претпоставува дека е негова вонбрачна партнерка, тешко ја ранил со огнено оружје, а потоа на патот помеѓу Јасика и Кукљин убил жена за која се претпоставува дека му била сопруга, пренесуваат српските медиуми.

    Постои сомневање дека сторителот на ова дело на крајот се самоубил во својот автомобил на патот меѓу селата Страгари и Милутовац во моментот кога крушевската полиција го опколила.

    – Меѓу селата Кукљин и Јасика е пронајдено тело на уште една жена. Ја убил на патот каде што нема куќи. Само асфалт и шума. Телото до пред малку ѝ било на улица – за српски Курир велат жителите на Кукљин.

    Директорката на општата болница во Крушевац, д-р Весна Стевиќ Гајиќ, потврди дека утринава, нешто пред 7 часот, на интензивна нега на Одделот за хирургија била примена 44-годишна жена со иницијали И.К. од Дедиње.

    Според докторката, жената е во бесвест со тешка повреда на главата и е во животна опасност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img