Матијас Погба излезе од затвор

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Братот на фудбалерот на Јувентус и францускиот репрезентативец Пол Погба (29), Матијас (32) е пуштен од затворот во кој се наоѓаше од септември поради наводна вмешаност во киднапирање и изнуда на својот помлад брат.

Забранети му се контакти со другите осомничени и членови на семејството Погба, не смее да ја напушти земјата, ниту да објавува статуси на социјалните мрежи.

Матијас заедно со уште четири лица, за кои се претпоставува дека се подалечни роднини на Пол Погба, на возраст од 26 до 37 години, беа уапсени во септември поради киднапирање на фудбалерот на Јувентус и обид од него да изнудат пари.

Погба тогаш пријави во полиција дека бандата му се заканувала со пушки и барала од него 13 милиони евра за да не објават компромитирачко видео, како и надомест за „дискретна заштита” во последните десет години.

Инцидентот се случил во март годинава во Париз, кога двајцата мажи под закана со пушки насилно го одвеле Погба во стан во париско предградие каде фудбалерот пораснал. На таа локација членовите на бандата го обвиниле Погба дека не им помогнал финансиски откако станал професионален фудбалер.

Обвинувањата за киднапирање и изнуда уследија откако братот на Погба, Матијас, објави видео на интернет на четири јазици (француски, италијански, англиски и шпански), најавувајќи „големи откритија” за ѕвездата на Јувентус.

Share This Article