More

    Матичните лекарите утре ќе протестираат и нема да го користат „Мој термин“, туку ќе работат само за итни пациенти

    spot_img

    Матичните лекарите утре ќе протестираат и нема да го користат „Мој термин“, туку ќе работат само за итни пациенти, изјави доктор Лилјана Чолакова-Дервишова, претседател на Здружението на приватни матични лекари.

    – Ова е протест на лекарите од малите населени места и амбулантите со мал број пациенти, кои се соочуваат со можност за затворање, бидејќи со постојната капитација не можат да преживеат. Овој протест е поради низа причини со кои се среќаваме на работа. Со овие средства треба да платите медицинска сестра со минимална плата од 18.000 денари, како и да ја платите повисоката сметка за струја. Има колеги во помали места каде што бројот на пациенти се намалува и се соочуваат со можност да ги затворат амбулантите. Здружението е на сите приватни лекари и затоа го правиме овој протест – вели  Дервишова.

    Како што истакна д-р Ненад Лазаров во изјава за „Слободен печат“, протестот ќе се одвива онлајн.

    – Протестот ќе се одвива онлајн, а барањата се стандардните – зголемување на капацискиот бод, олеснување на административните процедури, како и тоа пациентите да бидат прикрепени не на факсимилот на лекарот, туку на самата здравствена установа – вели д-р Лазаров.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img