Дополнително на средствата, кои задолжително се слеваат во државниот буџет од приредувачите на игрите на среќа за програмите на Агенцијата за млади и спорт, членките на Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија продолжуваат преку различни проекти да го поддржуваат спортот.
Во таа насока, „Мастербет ДООЕЛ Скопје“ во чии рамки е приредувачот на игри на среќа „Астра“, и оваа година го поддржа одржувањето на Турнирот во мал фудбал „8 Септември Маџари Триангла“.
– Како општествено одговорна компанија поддршката кон заедницата, а особено кон младите и спортот, е во фокусот на нашите активности. Ни претставува чест и задоволство што и оваа година бевме дел од овој традиционален спортски настан кој што се организира по повод Денот на независноста на нашата држава – велат од компанијата.
Турнирот е организиран од Здружението на граѓани Солидарност – М по повод Денот на независноста и се одржува веќе 15 години по ред, при што секоја година учество во натпреварувањето земаат околу 50 екипи од цела Македонија и повеќе од 500 натпреварувачи.
По одржувањето на финалниот натпревар викендов на претставници на „Мастербет“ организаторите им врачија благодарница за поддршката и спонзорството кое е големо значење за одржување на турнирот.
Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија, како претставник на реномирани компании од ЕУ, продолжува да демонстрира висока општествена одговорност преку хуманитарни и спонзорски активности во најзначајните општествени сегменти, јавното здравство, спортот и културата. Без разликата на сериозните економски последици од повеќегодишната здравствена и енергетска криза, никогаш не отстапи од деловното мото – секогаш општествено одговорни компании!