Најмалку 20 лица се убиени во масовно пукање во североисточна тајландска провинција, изјави портпаролот на полицијата во четвртокот.
„Има најмалку 20 мртви, но информациите се уште пристигнуваат“, изјави за Ројтерс заменик-портпаролот на полицијата Архон Краитонг.
Пукањето се случило во градинка во Нонг Буа Ламфу.
Полицијата соопшти дека се убиени возрасни и деца, а сторителот е поранешен полицаец. Во тек е потера по осомничениот.