Маскиран натрапник намерно истурил 60.000 литри премиум вино

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во неделата маскиран натрапник намерно истурил околу 60.000 литри премиум вино складирано во позната шпанска винарија, а вредноста на уништеното вино се проценува на околу 2,5 милиони евра.

Саботажата се случила во неделата во Кастриљо де Дуеро, на околу 150 километри северно од Мадрид, објави во понеделникот новинската агенција Европа прес и другите шпански медиуми, повикувајќи се на информации добиени од претседателот на Бодегас Цепа 21, Хозе Мора.

Околу 3:30 часот по локално време, маскирано лице влегло во магацинот на винаријата и за помалку од една минута ги отворило чешмите на пет челични цистерни со врвните брендови Малабриго и Хоркахо, рече Моро.

Тој додаде дека безбедносните видео снимки покажале натрапник кој изгледа знаел како да влезе во магацинот на винаријата во престижниот вински регион Рибера дел Дуеро. Тој рече дека по упадот ништо не е одземено од магацинот.

Моро рекол и дека се сомнева кој би можел да биде натрапникот, но не сакал ништо да објави јавно за да не ја попречи полициската истрага.

Share This Article