Маск за момент го загуби првото место на листата на најбогати на Форбс

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Милијардерот Илон Маск за момент ја загуби титулата најбогат човек на светот во средата, откако акциите во автомобилскиот производител Тесла паднаа. Неколку часа на листата на Форбс го претекна Французинот Бернар Арно. Заедно со семејството тој е сопственик на компанијата LVMH, која произведува и продава луксузна стока, пренесува француската новинска агенција АФП.

Набргу по падот на второто место, Илон Маск повторно се искачи на врвот на листата со имот проценет на 184,9 милијарди долари, додека семејството Арно падна на второто место со 184,7 милијарди долари.

Освен „Тесла“, Маск ја води вселенската компанија „Спејс Икс“, а во последните месеци најголема врева направи неговото преземање на социјалната мрежа Твитер, чија судбина е доведена во прашање.

Компанијата на Арно под себе има многу луксузни брендови, како Луј Витон, Живанши и Кензо.

На третото место на листата на најбогати луѓе на Земјата, подготвена од американскиот бизнис магазин Форбс, е индискиот пристанишен магнат Гаутам Адани со имот проценет на 134,8 милијарди долари, а по него се основачот на Amazon и вселенската компанија Blue Origin Џеф. Безос, кој тежи 111,3 милијарди долари.

Share This Article