More

    Маск почна да вградува чипови во мозок

    spot_img

    Технологијата која го поврзува човечкиот мозок и компјутерскиот интерфејс им овозможува на луѓето со невролошки заболувања да комуницираат со своите мисли и да контролираат различни уреди

    Компанијата на Илон Маска, Neuralink, објави дека почнува да прифаќа апликации од луѓе кои сакаат да го вградат нивниот експериментален компјутерски интерфејс N1 во нивниот мозок.

    PRIME (Precise Robotically Implanted Brain-Computer Interface) или во превод прецизен роботски имплантиран мозочен компјутерски интерфејс, привлече интерес поради фактот што првенствено е наменет за лица со квадриплегија (поради оштетување на ‘рбетниот мозок), како и заболени од АЛС (амиотрофична латерална склероза).

    А, за некој да се одлучи за експерименталната примена на оваа технологија, ќе треба да има најмалку 22 години, како и доследен и сигурен негувател.

    Во 2022 година, Маск ја објави својата намера да го вгради уредот во сопствениот мозок, но сè уште е малку веројатно дека тој самиот би можел да биде меѓу првите што ќе го направи тоа.

    Neuralink е основана во 2016 година со цел да развие технологија која го поврзува човечкиот мозок и компјутерскиот интерфејс во систем кој им овозможува на луѓето со невролошки заболувања да комуницираат и да можат да контролираат различни уреди.

    Така, на пример, лице со парализа може потенцијално да го користи својот паметен телефон замислувајќи ги движењата на рацете. На долг рок, сепак, секогаш амбициозниот Маск сугерира дека технологијата може дури и да го подобри човечкиот мозок со „супер когниција“.

    Neuralink сега сака да ја тестира и да ја евалуира ефективноста и безбедноста на користењето на PRIME, односно, на неговиот имплант N1 и хируршкиот робот R1, пренесува digitaltrends.

    Компанијата, исто така, сака да ја процени почетната функционалност на нејзиниот мозочен компјутерски интерфејс (BCI) за да им дозволи на луѓето со парализа да контролираат различни уреди преку нивните мисли.

    Примарната цел на BCI, велат тие, е „да им даде на луѓето способност да го контролираат курсорот на компјутерот или тастатурата користејќи ги само своите мисли“.

    И други компании во светот веќе развиваат слични компјутерски технологии, па така BrainGate успеа да му овозможи на човек кој страда од парализа да комуницира преку своите мисли, претворајќи го својот имагинарен ракопис во текст.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img