Австралиска компанија за управување со проекти поднесе тужба против Твитер, барајќи исплата на околу 665.000 долари за наводно неплаќање на сметки.
Facilitate Corp поднесе тужба во Соединетите Американски Држави поради неплаќање на фактурите од Twitter, пишува CNN.
Твитер му должи на Facilitate Corp за услугите за инсталирање сензори во канцелариите во Лондон и Даблин. Тие бараат надомест на штета во висина што ќе се утврди на судење, како и правни трошоци и камата по највисока законски дозволена стапка.
Ова е последната во серијата тужби против Твитер откако Илон Маск го купи минатата година за 44 милијарди долари. Претходно оваа година, тие беа тужени од консултантската фирма Innisfree M&A.