More

    Маск ја подбра Тејлор Свифт за нејзината поддршка за Камала

    spot_img

    „Во ред Тејлор…ти победи…ќе ти дадам дете и ќе ти ги чувам мачките жими мене“.

    Вака ѝ напиша познатиот техномилијардер и еден од најбогатите луѓе на планетата, Илон Маск, на познатата пејачка Тејлор Свифт, играјќи мајтап со нејзината поддршка на претседателската кандидатка и актуелан потпретседателка на САД, Камала Харис.

    Коментарот на Маск дојде веднаш откако заврши претседателскиот дуел меѓу Камала Харис и нејзиниот соперник Доналд Трамп, со, како што проценуваат аналитичарите, убедлива победа на Харис.

    Маск јавно кажа дека е поддржувач на Трамп, а неговиот коментар со детето и мачките се однесуваше на претходниот твит на Тејлор Свифт во поддршка на Камала Харис, кајшто Свифт се потпиша како „Дамата без деца, а со мачки“.

    Свифт, всушност, со тоа му одговори на републиканскиот сенатор Џeјмс Дејвид Венс кој ја опиша партијата на Демократите на Камала Харис како партија на „бездетни жени мачкарки“. Венс се трка како кандидат за потпретседател на САД од страната на Републиканците и многумина го нарекоа „десната рака на Трамп“.

    Венс во понеделникот на Икс тврдеше дека постојат индиции дека имигрантите од Хаити јадат мачки во државата Охајо. Тој потоа мораше да ја испегла изјавата, велејќи дека можно е да се работи за шпекулација. Венс сепак ги охрабри своите поддржувачи да објавуваат мемиња (сатирични фотомонтажи) од мачки.

    Конечно, истата шпекулацијата за мачките во Охајо ја спомна Трамп на дуелот со Камала Харис. Модераторите на дебатата го исправија Трамп, велејќи дека тоа е лага.

    Додека аналитичарите велат дека Камала победи во оваа прва претседателска дебата поради гневот на Трамп, твитот на Тејлор Свифт доби милион прегледи, па некои ја анализираат можност Тејлор Свифт да влијае на исходот на претседателските избори во САД.

    Од друга страна, Илон Маск е татко на 12 деца, а се бори за старателството на две од нив со поранешната сопруга Грајмс. Три од децата ги има со вработена во неговата компанија „Неуралинк“. Во своите интервјуа тој неколкупати досега ја повторуваше тезата дека светската популација, всушност, ќе се намалува.

    Во 2020 година, тој на шега рече дека тој „си го врши својот дел од работата“ кога станува збор за човечката репродукција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img