Грција е една од десетиците земји кои доживуваат колапс на населението поради нискиот наталитет, напиша милијардерот Илон Маск на социјалната мрежа Х.
Тој сподели твит на Лутер Чиро, во кој се наведува дека се предвидува дека Грција ќе стане првата нација која ќе доживее „колапс на популацијата” поради ненадејните и неочекувани смртни случаи ширум нацијата, додека нивоата на наталитет се пониски од тоа што се очекувало.
„Срцева слабост, мозочни удари, згрутчување на крвта и брзиот почеток на рак кај инаку здравите млади луѓе предизвикаа стапките на смртност вртоглаво да се зголемат во Грција, додека нивото на плодност кај младите мажи и жени опаѓа што предизвикува највисок пад на нателитетот во еден век. Изгледите за колапс на населението во Грција е „темпирана бомба“ и „национална закана“ според премиерот Киријакос Мицотакис“, пишува Чиро.