Машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ од утре во седум часот ќе го прекине железничкиот сообраќај

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ најавува дека од утре во седум часот ќе го прекине железничкиот сообраќај.

Причина за бојкотот на работата, како што вели претставникот на машинскиот персонал Душко Чакаровски, е неисплатениот надомест за материјални трошоци што требале да го добијат заклучно со денеска.

Според Чакаровски, бојкотот е согласно Одлуката од ноември лани која предвидува најдоцна до 25 во месецот да им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, а најдоцна до 10-ти во месецот да ги добијат и материјалните трошоци. 

Фото: МИА

Share This Article