Полицијата во Оклахома Сити започна истрага откако пет лица, меѓу кои три деца, беа убиени во престрелка. Пукањето се случило во средата вечерта по локално време, а полицијата верува дека се работи за убиство-самоубиство, пренесува „US Today“.
Полицијата ги идентификуваше жртвите како 29-годишната Касандра Флорес, Хилари Армендариз (9), Дамарис Армендариз (5) и Матиас Армендариз (2), додека петтото пронајдено лице е осомничен за убиство – Рубен Армендариз (28).
Во соопштението се вели дека Рубен Армендариз и едно од ранетите деца биле живи кога пристигнале полицајците. Тие биле пренесени во локалната болница каде починале, информираат од полицијата.
Инспекторите рекоа дека се чини дека Флорес и Армендариз биле во врска, но се разделиле и дека Армендариз застрелал четири жртви пред да се самоубие.
Мотивот за пукањето сѐ уште не е познат.
– Истрагата е во многу рана фаза, а детективите во моментов се обидуваат да го спојат синџирот на настани што довеле до масакрот – се вели во соопштението на полицијата.