Масакр на свадба: Младоженецот уби четворица, меѓу кои и невестата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Тајландски параспортист и поранешен војник пукал во својата невеста и уште три лица пред да се самоубие на денот на нивната венчавка, соопшти полицијата за Би-Би-Си.

Чатуронг Суксук (29) и Канчана Пачунтхуек (44) се венчаа во саботата во североисточниот дел на Тајланд.

Според извештаите, тој нагло ја напуштил свадбената веселба и се вратил со пиштол, пукајќи во сопругата, нејзината 62-годишна мајка и нејзината 38-годишна сестра.

Залутани куршуми погодиле двајца гости, кои биле пренесени во болница. Еден од нив починал, пишува Би-Би-Си.

Полицијата за Би-Би-Си изјавила дека Чатуронг „во тоа време бил прилично пијан“, но мотивот за злосторството останува нејасен. Тој легално ги купил пиштолот и муницијата минатата година, додаваат тие.

Тајландските медиуми, цитирајќи го она што посетителите на забавата го кажале на полицијата, велат дека парот се скарал за време на веселбата. Исто така, беше објавено дека Чатуронг се чувствувал несигурен поради разликата во годините меѓу него и Канчана.

Сепак, полицијата соопшти дека се уште се шпекулации, додавајќи дека собрале докази и очекуваат „наскоро“ да го затворат случајот.

Чатуронг и Канчана живееле заедно три години пред да се венчаат, пишуваат тајландските медиуми.

Чатуронг освои сребрен медал во пливање на Асеанските пара игри во Индонезија минатата година. Се веруваше дека тој е на списокот на спортисти кои ќе се натпреваруваат на Светските игри во Тајланд следниот месец.

- Advertisement -
Ad image

Тој ја изгубил десната нога додека бил на должност со паравоените лесни пешадиски сили, кои патролираат по границите на Тајланд.

Иако масовните пукања се ретки, поседувањето оружје е вообичаено во Тајланд.

Минатиот месец три лица беа убиени во пукање во луксузен трговски центар во Бангкок. И минатиот октомври, поранешен полицаец уби 37 деца во напад со пиштол и нож во градинка во североисточниот дел на Тајланд.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article