Марко се појави во Москва каде што е поставен споменик на татко му Слободан Милошевиќ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Марко Милошевиќ, син на поранешниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ, првпат се појави во јавноста по 2019 година и погребот на неговата мајка Мирјана Мира Марковиќ.

Тој е снимен во Москва на откривањето на споменикот на неговиот татко, во друштво на Александар Залдастанов, познат како Хирургот, близок соработник и пријател на Владимир Путин и водач на мото групата „Ноќни волци“, пишува српски Курир.

Во видеото кое трае нешто помалку од 50 секунди, Залдастанов го најавува Милошевиќ, кој потоа и се обраќа на толпата, повторувајќи ги зборовите на неговиот татко кои се испишани на споменикот.

– Како што пишува овде на таблата, ние, за жал, бевме на проба за тоа што се случи со Русија и што се случува сега во Украина. Југословенските војни се исти, само сега во Украина – забрзана верзија. За жал, ние битката ја изгубивме, но се надевам дека војната не. Од нашите грешки и од нашата судбина, Русите извлекоа лекција и ќе победиме! За победа – рече Милошевиќ, стоејќи пред српското знаме.

Марко Милошевиќ не се појавува во јавноста откако избега во Русија по падот на режимот на неговиот татко. Потоа беше обвинет поради сомнение за учество во организиран криминал. На 10 октомври, два дена по падот на режимот, тој ја напушти Србија и преку Пекинг замина во Москва, каде што доби политички азил.

Информациите за него само повремено стигнуваат во Србија. Се шпекулираше дека во Москва има профитабилен бизнис и дека повторно се оженил. По него во Србија е на сила потерницата од Интерпол.

Споменикот на Слободан Милошевиќ, висок два метри, го изработи српскиот скулптор Драган Раденовиќ, член на Руската академија на уметностите.

 

Share This Article