Австрискиот фудбалер Марко Арнаутовиќ со својот гол синоќа против Бенфика собори нејасен рекорд во Лигата на шампионите.
Австрискиот репрезентативец погоди за Интер на гостувањето кај Бенфика. Тој постигна гол за 3:1, со што започна одличниот кам-бек на „нероаѕурите“ во мечот кој заврши 3:3.
Специфично е фактот дека тоа е негов прв гол во Лигата на шампионите по декември 2010 година, кога постигна гол за Вердер Бремен. Знаете кој беше противникот? Интер од Милано.
Од тој гол до овој денеска поминаа точно 4740 дена, а Арнаутовиќ имаше исклучително колоритна кариера.
Почна во Твенте и пред Бремен да ја има првата, но неуспешна епизода во Интер. По Вердер играше четири години за Стоук и две за Вест Хем. Следеше Кина, а потоа неочекувано добро враќање во Европа во 2021 година. Тој помина две сезони во Болоња, која сега го позајми во Интер. Голот во Лисабон беше негов прв во црно-синиот дрес.