Францускиот напаѓач Килијан Мбапе се уште не го продолжил договорот со Пари Сен Жермен, кој трае до следното лето.
Шпанска Марка објави дека Пари Сен Жермен е бесен на него. Мбапе нема намера да потпише нов договор, а следното лето има намера да го напушти клубот како слободен играч. Ова би ги натерало сопствениците на ПСЖ да го загубат профитот од него…
Сепак, никој не може да го натера Французинот да го комплетира трансферот ова лето, пишува најчитаниот шпански спортски весник.
„ПСЖ не може да го принуди Мбапе да направи нешто што не сака. Иако досега беше јасно, побаравме потврда од ФИФА и така стојат работите. Клубот не може да продаде фудбалер на друг клуб ако тој не сака да оди таму. Тоа што се прави во НБА со размена на играчи не може да функционира во фудбалот“, пишува Marca и додава:
„Не само тоа, ако парижаните вршат притисок врз Мбапе да го напушти клубот и не ги почитуваат сите услови од договорот што го потпишаа, постои шанса Мбапе да добие раскин на договорот во негова корист. Мбапе едноставно сака да го добие бонусот од 150 милиони евра кој ќе го добие доколку остане во ПСЖ до крајот на актуелниот договор. И тоа ќе успее бидејќи го има ПСЖ во тупаница“.