Актерот Марк Додсон почина на 64-годишна возраст, откако доживеа срцев удар додека беше во Индијана, соопшти неговата ќерка, пренесе Дејли мејл.
– Тој доживеа срцев удар при спиење – изјави неговата ќерка Сиара за „Ти-ем-зи“.
Актерот ќе остане запаметен по тоа што го позајмува својот глас на бројни ликови во научно-фантастични филмови и видео игри, меѓу кои и во „Војна на ѕвездите“ и „Гремлини“.
Додсон се пријавил во хотел во Евансвил, Индијана, каде требало да присуствува на конвенцијата „Хорор кон“.
„Со скршени срца објавуваме дека Марк Додсон ненадејно почина синоќа“.
Кариерата на Додсон започна во 1983 година, кога ја доби улогата на Џаба Хатот во филмот „Војна на ѕвездите: Враќање на џедајот“ („Star Wars: Episode VI – Return of the Jedi“). Следната година, Додсон го позајми својот глас на култната класика „Гремлини“ („Gremlins“) од 1984 година. Во текот на следните неколку децении, тој го позајми својот глас за различни други ликови.