More

    Марјан Ѓорчев со жестоки критики до својот поранешен лидер и ривал

    spot_img

    Истакнатиот член на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен амбасадор, градоначалник, како и кандидат за лидер на партијата Марјан Ѓорчев во своето гостување во радио Лидер зборуваше за случувањата поврзани со Никола Груевски односно, кој е интересот на Груевски да работи за уставни измени и потенцираше дека сето ова се прави во период кога ВМРО-ДПМНЕ е најкомпактно, стабилно и со најголем број градоначалници во историјата на локалните избори.

    – Тука е и проблемот, необјасниво е зошто тој би преземал каква било акција во делот да може да се разруши стабилноста на ВМРО-ДПМНЕ, кога ВМРО-ДПМНЕ е најкомпактно, после конгресот, каде со акламација е избран проф.д-р Христијан Мицкоски. И второ, во момент кога по локалните избори ВМРО-ДПМНЕ е со најголем број градоначалници во историјата на локалните избори во Република Македонија – рече тој.

    Ѓорчев во текот на своето гостување порача дека не ја гледа логичноста да еден поранешен претседател на партија, кој е легитимно назначен и разрешен, така да се однесува.

    – Не ја гледам човечката логика на еден претседател кој бил толку години, кој е избран според тоа како предвидуваат статутите на ВМРО-ДПМНЕ и разрешен на начин како што предвидуваат статутите на ВМРО-ДПМНЕ, и според мене за еден човек да остане човек до крај, во вакви моменти треба да даде поддршка, тој го прави тоа спротивното – вели Ѓорчев, кој беше противкандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ при изборот на Груевски за таа позиција.

    Тој смета дека Груевски не ги повикал пратениците на единство за да го издржат притисокот на кој се изложени.

    – Во овој момент се врши страшен притисок врз Република Македонија, врз институциите и тука веројатно е обидот на Груевски, на некој начин, не покажувајќи цврсто јадро во себе, којшто ќе значи еден амалгам, којшто ќе ги обедини Македонците и ќе каже јас ви порачувам од Будимпешта вие да бидете обединети, силни и да издржите под притисок на уставните измени – рече Ѓорчев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img