More

    Марина го исфрли на улица, Петронела „абортираше“, Џенифер го обожуваше

    spot_img

    Британскиот премиер Борис Џонсон денеска поднесе оставка, но уште е во центарот на вниманието. Лани се пишуваше за неговата млада свршеница Кери Сајмонс(31), кога тој доби син со неа на крајот на август. Сега тој пак е на тапет, бидејќи се огласи неговата поранешна љубовница Џенифер Аркjури, за да ги раскаже деталите од нивната афера, пишува Мондо.

    Но, пред овие две дами, многу други жени беа дел од животот на Џонсон. Можеби сега, кога веќе нема да биде премиер, ќе може да им се посвети? Не се ни знае точно колку деца тој официјално има.

    Еве како му било на Џонсон со љубовниците, или како нив им било со него.

    Со Кери влезе во љубовната резиденција 

    Кога Џонсон се пресели со Кери на Даунинг стрит сите зборуваа дека тој е прв премиер кој неженет се преселил во резиденцијата. Поради новата девојка тој мораше да се разведе со својата втора жена, Марина Вилер со која заедно беа 25 години.

    Се верува дека Џонсон ја запросил Кери за време на романтичното крстарење за Божиќ во 2019 година. Кери Сајмонс(31) веста за свршувачката ја објави на крајот на 2019 година на Инстаграм, кога се дозна дека е бремена во петтиот месец. На премиерот, кој официјално има пет деца, а неофицијално осум, ова му беше трет брак по ред.

    Нивната врска ја следеа бројни скандали, а во една прилика и полицијата реагираше поради расправија во нивниот поранешен дом.

    Алегра, љубовта од студентските денови

    Џонсон, кој еднаш ги отфрли тврдењата дека ја изневерува својата сопруга како „превртена пирамида на глупости“, се ожени со својата љубена студентка од Оксфорд, Алегра Мостајн-Овен во 1987 година, но тие се разведоа во 1993 година, откако тој ја изневерил со Марина Вилер.

    Џонсон и Марина Вилер се венчаа на 8 мај 1993 година, само 12 дена откако тој го завршил својот прв брак. Во бракот кој заврши пред минатата година, парот доби четири деца. Марина, која е по потекло од Индија, долго време ги трпеше аферите на Борис.

    Афера со Петронела, која „абортираше“

    Во 2003 година, беше откриена неговата врска со новинарката и авторка на книги за познати личности, Петронела Вајт, ќерка на познатиот лабуристички лидер Лорд Вајат, која подоцна тврдеше дека абортирала едно од неговите деца, а всушност, абортирала друго дете.

    Тогашниот лидер на ториевците, Мајкл Хауард, го отпушти Џонсон од функцијата министер за креативна индустрија и култура поради тоа што не кажал дека има афера.

    Марина го исфрли поради Ана

    Две години подоцна, „News of the World“ пишуваше за неговата врска со новинарката Ана Фазакерли. Тој наводно бил виден како го напушта нејзиниот стан во Лондон. Тогаш Марина Вилер го исфрлила од дома, но подоцна се помириле.

    Веќе следната година, тој доби дете со советничката за култура, Хелен Мекинтајр, па неговата сопруга повторно го исфрли од куќата.

    Го сакав, го обожував

    Американската претприемачка Џенифер Аркjури(35) се сретна со британскиот премиер Борис Џонсон кога тој беше градоначалник на Лондон. Набрзо започнале страсна врска која траела со години. Џонсон ја изневерил сопругата во тоа време со неа, а и помогнал на Џенифер да развие бизнис.

    – Го сакав, го обожавав – тврди Аркури, која дури сега проговори за нивната четиригодишна врска.

    Првиот секс меѓу младата Американка и градоначалникот се случил на 29 август 2012 година во нејзиниот стан во станбена населба во Лондон.

    Џенифер ја раскинала врската со Борис во 2016 година, се вратила во Америка, се омажила и добила дете, но нејзиниот поранешен љубовник наводно не ја заборавил целосно.

    Не се знае точниот број на потомците на Борис 

    Џонсон и Марина Вилер имаат четири деца: Лара, Мило Артуро, Касија Пициз и Теодоро Аполо. Ќера му Лара Џонсон е само пет години помлада од неговата идна сопруга, Кери.

    Во 2006 година, „News of the World“ објави дека Борис станал татко на петто дете со Хелен Мекинтајр, консултантка за уметност. Нејзиното дете наводно е едно од двете што тој ги зачнал со своите љубовници.

    Минатата година Џонсон доби син со својата свршеница Кери Симондс. Всушност, не се знае точниот број на неговите деца.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img