Српската пејачка и некогашна победничка на Евровизија, Марија Шерифовиќ, морала да држи крпа со мраз на раката откако заработила повреда за време на настапот што го имала во еден трговски центар во Белград.
Инцидентот се случил кога пејачката го завршила настапот и кога тргнала да се фотографира со своите фанови, но во еден момент некоја жена влетала и ја удрила Марија по рамото.
– Концертот беше неверојатен. Јас првпат по многу години се симнав во први редови и ги поздравив децата. Потоа налетав на едно суштество кое од преголема љубов ми го измести рамото. Чекам да видам што ќе се случи сега. Луѓево не се нормални – кажа Шерифовиќ.