Шпанската гимнастичарка Марија Херанк Гомез починала ноќта меѓу средата и четвртокот на 17-годишна возраст од менингитис. Локалните медиуми пренесуваат дека во нејзиниот град Кабаниљас дел Кампо ќе биде прогласена дводневна жалост, а нејзината состојба се влошила за само 24 часа.
„Марија ненадејно нè напушти поради страшен менингитис кој ја однесе за само 24 часа, оставајќи го градот во неутешна тага. Градскиот совет сака да ја изрази својата најдлабока тага и болка поради таквата трагична околност и упатува најдлабоко сочувство до целото семејство и пријателите на Марија, особено до нејзините родители, Ракел и Алфонсо, нејзиниот помал брат, бабите и дедовците, чичковците и братучедите, од кои многумина се жители на општината, изразуваме сочувство и до нејзините колеги од Гвадалахара и претходните, од училиштето Сан Блас де Кабаниљас, како и целото семејство на клубот Рудитрамп“, се вели во соопштението на Градскиот совет.
Марија Херанк Гомез лани во ноември во Бирмингем учествуваше на Светскиот куп во гимнастика играјќи за репрезентацијата на Шпанија.