Ќе види ли аир Македонија од убавата Марија Габриел – за која се очекува да дојде на местото на ротациониот премиер Николај Денков? Поранешната вицепремиерка која некои ја обвинија дека го украла докторатот за да води Еразмус програми има импресивна биографија. Беше европратеничка, предводеше повеќе делегации во Европарламентот, добитник е на многу награди…
Нејзиниот став за Македонија таа го искажа на новинарско прашање лани во септември во бугарскиот парламент:
– Сакаме многу јасно да покажеме пред РСМ дека само кога тие ќе ги исполнат обврските што самите се согласиле да ги исполнат, тогаш евроинтеграциите веќе нема да бидат сон – изјави Габриел додавајќи дека „во меѓувреме ние јасно ќе опстојуваме на нашиот јазик, култура и идентитет“.
Во тоа време Габриел беше вицепремиерка и шефица на дипломатијата.
Позната беше и нејзината ијзава од декември пред бугарскиот парламент кога изјави дека уставните измени не се единствениот услов за патот на Македонија кон ЕУ, туку и почитувањето на Договорот за пријателство и добрососедство и двата протокола
Таа присуствуваше на самитот на ОБСЕ во Скопје, но рече дека не требало да седне на иста маса со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров велејќи дека „не можам да седам на иста маса со луѓе кои имаат антибугарски и антиевропски манифестации“.
Габриел набрзо замина од самитот.
За истиот тој самит Бугарија не му дозволи на Лавров да прелета над нејзина територија, па тој пет часа леташе преку Турција и Грција кон Македонија.
Габриел лани во мај му го врати мандатот на бугарскиот претседател Румен Радев за формирање влада откако не беше постигнат договор, а оттогаш земјата има ротационен премиер. Нејзината партија ГЕРБ и ривалот Промените продолжуваат(ПП) договорија дека дадат поддршка на техничја влада со ротација до следните избори, а не ги прифатија барањата на помалите партии за формирање експертска влада.
Но, договорот може да биде на несигурна основа, бидејќи и двата табора со недели се расправаат за позицијата министер за надворешни работи и за поделбата на другите министерства.