Маричиќ вели дека на ЕУ ѝ се брза со датумот во јуни

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ во вечерашното гостување на „Топ Тема“ на телевизија „Телма“ истакна дека Владата сака да ги почне преговорите со ЕУ, но не по секоја цена и на штета на државните интереси при решавањето на спорот со Бугарија.

Тој потенцира дека месецот јуни, како пресуден за добивање датум, е спомнат од ЕУ поради геополитичката ситуација со војната во Украина.

– ЕУ е таа, која притисната од геостратешката ситуација, почна прва да го комуницира јуни како датум и комесарот Вархеји и официјалните портпароли на ЕУ. Тоа значи дека има некое чувство на ургентност во ЕУ. Меѓутоа, ние немаме намера да направиме чекор кој ќе ги наруши нашите интереси – рече Маричиќ.

Како што потенцираше вицепремиерот, сакаме да почнеме преговори со фер договор, кој нема да задира во нашето достоинство и идентитет.

– Нашиот пат е јасен и секогаш бил јасен. Никогаш не сме отстапувале и никогаш не бил лесен, секогаш сме имале тешкотии и Северна Македонија е една од државите коишто имала најтежок пат до исполнување на своите стратешки интереси – кажа Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека во овие времиња кога на тлото на Европа повторно има воени дејствија, видовме колку тоа значи и колку е важен НАТО за безбедноста на регионот.

– Северна Македонија не треба да отстапи од европскиот пат и тоа наше залагање треба да биде упорно затоа што ние знаеме зошто сакаме таму, зошто сакаме каква држава сакаме да изградиме и знаеме дека заслужуваме да бидеме членки на ЕУ – додаде вицепремиерот Маричиќ.

Тој потенцира дека како Влада вовеле нов пристап со Бугарија за да се дојде до одредена точка на решение.

– Ние направивме максимум во овој период и тоа беше наша должност да дадеме шанса на овие разговори. Ние не се откажуваме од тоа и ниту пак некогаш се врзувавме за јуни, како пресуден датум. И навистина интензивно работевме во изминатите 120 дена од кога е оваа Влада. Имаше повеќе средби со бугарската страна, сме разговарале за сите отворени прашања и има основа за фер решение – истакна Маричиќ објаснувајќи дека за четири месеци не може да се очекува радикален пресврт со односите со Бугарија.

- Advertisement -
Ad image

Вицепремиерот за евроинтеграции потенцира дека во ситуација кога има војна во Украина, кога сите држави се определени за едно повисоко ниво на стратешко размислување, тоа треба да го стори и Бугарија.

– Секогаш кога имало желба за поголемо проширување, а тоа е почнато по падот на Берлинскиот ѕид, ЕУ го отворала прашањето за формата и начинот на кој тоа ќе го направи и воспоставувала нова динамика – изјави министерот во однос на евроинтегрирањето на Украина.

Тој потенцира дека рамката за државите од Западен Балкан е членство во ЕУ. Таа, како што рече, е утврдена уште во 2003 година.

- Advertisement -
Ad image

– Таа политика очигледно е во определен вид на криза веќе долго време, но мислам дека и од нашите контакти и при мојата посета на Париз минатата недела, и во овие денови интензивните контакти и со француски претставници и со претставници на ЕУ, сите потврдуваат дека рамката за државите од Западен Балкан е полноправно членство во ЕУ – истакна вицепремиерот Маричиќ.

Share This Article