Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ оствари средба со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Игли Хасани, кој денес престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беа истакнати блиските врски меѓу двата народи, со заедничка визија за напредок на патот кон членство во ЕУ.
Изразувајќи силно чувство на пријателство, меѓу двете држави, како и тимовите на Северна Македонија и Албанија кои соработуваат веќе подолго време ја истакнаа блиската соработка, основани на заеднички вредности и цели.
Убедени дека со заеднички напори ќе ги надминеме предизвиците со кои се соочуваме, со силно чувство за припадност во Европската Унија како и заедничка решеност да станеме членки на унијата до 2030 година.
„Чувствуваме блиска релација и поврзаност со Албанија на патот кон пристапувањето во ЕУ. Албанија е наш пријател, сосед и заедно ќе се залагаме еден за друг во процесите на интеграција во ЕУ“, рече Вицепремиерот Маричиќ.
Заложбата за соработка и цврсти меѓусоседски односи ја потврдија и двете страни со акцент на врската меѓу двете нации како пријатели и сојузници на патот кон ЕУ.
На средбата беше истакната подготвеноста на државите при што Вицепремиерот Маричиќ истакна: „Ние ја завршивме нашата домашна задача, а нашата главна цел е надминување на предизвикот со уставните измени и решително чекорење напред кон Европската Унија“.
Заменик претседателот Маричиќ и министерот Хасани ја потврдија својата посветеност на заедничките напори и истрајноста на патот кон ЕУ, ветувајќи дека ќе работат заедно за изнаоѓање решенија и меѓусебна поддршка. Тие изразија уверување дека преку меѓусебна соработка ќе ги надминат предизвиците и ќе ја постигнат заедничката цел за пристапување во ЕУ до 2030 година.
Соговорниците на состанокот се согласија дека Северна Македонија и Албанија припаѓаат на модерна Европска Унија со посветеност и неуморно работење до постигнување на целта – полноправно членство во ЕУ.