Маричиќ не знае дали има двотретинско мнозинство за уставните измени

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

„Прашање за милиони долари“ на кое во овој момент не може да даде одговор е прашањето дали во Собранието ќе биде обезбедено двотретинско мнозинство за усвојување на уставните измени, истакна вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

– Можам да кажам дека ние ќе се потрудиме и ќе направиме се оваа година, до крајот на скринингот, да ја завршиме обврската од Преговарачката рамка со двотретинско мнозинство да го смениме Уставот и да внесеме неколку заедници во него – во Преамбулата и во делот на Комитетот за меѓунационални односи на Собранието – истакна вицепремиерот за евроинтеграции.

Според Маричиќ, идеално би било собраниската процедура за уставните измени да започне пред летото, некаде во јуни, со цел целата постапка да биде спроведена во еден инклузивен процес во кој ќе бидат вклучени повеќе експерти и опозицијата.

– Владата на вчерашната седница го отвори ова прашање и мислам дека под водство на Министерството за правда ќе започне еден консултативен процес, со којшто во наредниов период, во наредниве неколку дена или не повеќе од две-три недели, ќе се формулираат уставните амандмани во еден инклузивен процес со повеќе експерти, дури мислам дека ќе биде повикана и веќе беше повикана и опозицијата да учествува во овој процес и да даде свој придонес во формулирањето на амандманите, истакна Маричиќ, јави известувачот на МИА од Брисел.

Тој нагласи дека по нивното формулирање ќе следи јавна расправа на која ќе се дискутира по тие амандмани во нивната суштина, многу повеќе отколку до сега, пред се во однос на нивното значењето, надвор од самото внесување на неколку заедници во Уставот, по што веднаш се очекува тие да влезат во собраниска процедура.

Маричиќ нагласи дека за важноста на уставните измени очекува да стане збор и за време претстојната посета на високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на Скопје.

– Ние ќе ги искористиме тие средби и таа можност да укажеме на тоа дека е важно, доколку сакаме да успееме во процесот на уставни измени и во процесот на имплементација на договореното со „францускиот предлог“, дека ќе мора партнерски да функционираме и од двете страни и од Скопје и од Софија – рече Маричиќ.

Тој изрази жалење што сега во време на предизборната кампања во Бугарија, има настапи на бугарски политичари кои не се секогаш партнерски, додавајќи дека очекува тоа да се смени по завршувањето на изборите.

– Јас очекувам дека и премиерот и врвот на Владата ќе има можност да разговара за тоа и со Борел и со Вархеји – додаде Маричиќ.

- Advertisement -
Ad image

Борел и Вархеји в петок во Скопје ќе учествуваат на седницата на Советот за стабилизација и асоцијација, настан кој, според Маричиќ, е многу важен.

– Обично тој се случува овде во Брисел и сега првпат практично целата структура на Советот од европска страна доаѓа во Скопје за да ја одржи оваа седница. Тоа е добар сигнал и одличен сигнал сам по себе – заклучи Маричиќ.

Share This Article