More

    Маричиќ најави забрзана процедура, фокусот ќе биде како да се обезбедат 80 пратеници

    spot_img

    Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска изјави дека работната група за уставни измени по празниците ќе се состане и ќе ги формулира предлозите, по што за нив ќе се отвори јавна дискусија.

    – Jа користиме комплетната временска рамка што ја имаме и поаѓаме од една претпоставка дека сите ќе се постават одговорно и на ниво на задачата и државнички во овој процес. Министерството за правда ги покани и партиите и експертите да номинираат свои претставници. Најголем дел го сторија тоа. Веднаш по празниците ќе има состанување и формулација на предлозите за уставни измени. По таа формулација очекуваме да има и јавна дискусија и потоа да се влезе во Собранието – изјави вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју за Студио 10 на ТВ 24.

    Маричиќ претпоставува дека впечатокот на јавноста оти процесот се „тера на мускули“ е поради тоа што дел од јавноста се надевала оти оваа обврска ќе исчезне или ќе се реализира подоцна.

    – Ние не сакаме да губиме време, веќе сме ги почнале преговорите, скринингот тече. Досегашното искуство ни вели дека вакви обврски низ годините, низ времето, ако ги оставаме стануваат потешки, не стануваат полесни. Притоа мора да имаме предвид дека оваа година е клучна за решавање на одредени прашања во регионот. Затоа има притисок и за решавање на проблемот со Косово и состојбата во Црна Гора. Следната година е изборна и во ЕУ и ќе им треба шест месеци за распоредување на новите европски институции – истакна Маричиќ.

    Според него, односот на ЕУ кон Украина исто така создава едно чувство на итност дека треба да се решат овие прашања побргу.

    – Затоа во работната група треба да се разговара како рационално и најразумно да ги предложиме уставните измени за којшто можеме да добиеме пакет од 80 пратеници – вели Маричиќ.

    Прашан дали е тоа сега возможно, вицепремиерот вели дека доколку се држат фокусирани на она што ни се обврски од преговарачката рамка и она што ни е обврска од францускиот предлог мисли дека е можно.

    – Знам дека ќе се отвораат и други прашања сигурно бидејќи политичките партии тоа го најавија и легитимно е да се отвораат. Секоја партија има право да отвори прашања, кога се отвора крупна работа како Уставот, но сметам дека најдобро би било ако тие прашања ги оставиме да ги решаваме во некоја подоцнежна фаза, а сега се фокусираме како да добиеме 80 пратеници за додавање во Преамбулата на делови од црногорскиот, хрватскиот и бугарскиот народ – рече Маричиќ.

    Тој изрази жалење што ВМРО-ДПМНЕ ја пропушта можноста да учествува во ваков клучен процес, како што, вели, го пропуштиле влезот во НАТО.

    – Овие уставни измени се во преговарачката рамка и мора да се спроведат. ВМРО-ДПМНЕ неколку пати го смени ставот. Прво бараше гаранции, а сега се крие зад хрватскиот уставен модел. Излегува дека не се проблем Бугарите туку статусот на заедниците кај нас. Излегува дека тие сакаат повеќе да ја свртат дебатата кон тоа дали се малцинства или делови од народи – вели Маричиќ.

    Според него, со додавање на други заедници во Уставот нема да се наруши унитарноста на Македонија како држава.

    Во интервјуто Маричиќ рече дека ако не поминат уставните измени во Собранието ќе има блокада на преговорите кои, вели, дека де факто и де јуре се започнати.

    – Ќе има многу други работи кои ќе треба да ги смениме а не се поврзани со идентитетот и слично, а кои ќе бидат болни и тешки, но не од овој аспект. Каква и да биде цената што ќе ја платиме тоа нема да биде платено со идентитетот и со јазикот – вели Маричиќ кој додава дека со влегувањето во ЕУ ќе имаме многу големи финансиски придобивки како држава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img