Маричиќ: Холандија реагирала до македонската влада и изразила загриженост за контроверзните измени на Кривичниот законик

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Холандија реагирала до македонската влада и изразила загриженост за контроверзните измени на Кривичниот законик, откри вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за „360 степени“ на МРТ1.

– Имав контакт со холандскиот амбасадор и со претставници од Хаг. Изразија загриженост и рекоа дека натаму ќе ја следат ситуацијата. Ништо повеќе од тоа, ништо повеќе од тоа што се најде во соопштението на Европската комисија. Ние сме во комуникација. Холандија беше, да речам, единствена која реагираше и директно, билатерално, а останатите преку ЕК – рече Маричиќ.

Европската комисија минатата недела во соопштение изрази резерви кон измените во Кривичниот законик, особено за користењето на т.н. европско знаменце, и го нагласи ризикот дека ваквите промени можат да доведат до зголемување на неказнивоста. Слична реакција дојде и од евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир.

– Изјавата минатата седмица дадена од Европската комисија во однос на измените на Кривичниот законик пред сè за користењето на европското знаменце кои тие ја сметаат за несоодветна бидејќи тоа е едно од прашањата за кои треба да се дискутира. И исто така ризикот којшто го идентификува Комисијата дека ваквите промени можат да доведат до зголемување на неказнивоста. Ние сакаме земјата рапидно брзо да напредува во сферата на владеењето на правото, граѓаните имаат право да го бараат тоа и Европската комисија има право да го бара тоа од земја кандидат – рече Гир.

Реакцијата од Холандија дошла набргу по усвојувањето на законските измени во Собранието.

– Сите реакции беа откако законот беше донесен, иако ние навремено ја информиравме и Европската комисија и претставниците на САД дека ќе се донесе таков закон – рече вицепремиерот за европски прашања.

На прашањето дали тоа може да стане реален проблем ако во еден момент Холандија каже – ние сега не можеме да дозволиме процесот да продолжи, дури и ако уставните измени се донесат – Маричиќ одговори дека не очекува такво нешто.

Share This Article