Маричиќ – Едштадлер: Австрија е голем пријател и безрезервен поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и Сојузната министерка за ЕУ и Устав на Република Австрија Каролине Едштадлер, која се наоѓа во работна посета на нашата земја, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која информираа за разговорите од одржаната средба.

Вицепремиерот Маричиќ во своето обраќање пред медиумите истакна дека оваа посета е цврста потврда дека Западен Балкан останува високо на агендата на Европската Унија и нејзините земји членки, и дека Австрија останува верен поддржувач на политиката на проширување на Унијата со земјите од регионот.

Австрија ја препознава вистинската и несомнена ориентација на Северна Македонија кон евроатлантските вредности и идеали, и дава безрезервна поддршка и заложба особено за Северна Македонија и Албанија во евроинтегративниот процес.

На прес-конференцијата вицепремиерот Маричиќ додаде дека иднината на нашата земја и на целиот регион е европска и дека смета оти е време да се потврди тоа.

„Напредувавме во реформите и ќе продолжиме посветено да чекориме по европскиот пат. Очекуваме Европската Унија гласно да ги потврди нејзините интереси за обединување на европскиот континент и после долг период да ја врати динамиката на проширување кон земјите од Западен Балкан кои повеќе од една деценија чекаат пред портите на ЕУ“, рече Маричиќ.

Тој додаде дека во овие тешки времиња кога мирот, стабилноста, безбедноста и демократијата се доведени во прашање, обединетоста на Европа добива уште поголемо значење и дека сите заедно мора да размислуваме за иднината и да не се остави простор за нарушување на кредибилитетот на Европската Унија, европските вредности и идеали.

„Покажавме дека сме доверлив партнер на ЕУ и дека не ја менуваме својата политика преку ноќ, дури и кога нашиот макотрпен труд не е валоризиран и не оди во прилог на политиката на проширување“, рече Маричиќ. Тој изрази и очекување дека Европската Унија ќе ги потврди нејзините интереси за обединување на европскиот континент и после долг период ќе ја врати динамиката на проширување кон земјите од Западен Балкан.

Вицепремиерот Маричиќ ја потенцираше големата пријателска поддршка од Република Австрија на Северна Македонија која резултира со добри билатерални односи на политички и на економски план и отворени шанси за нивно натамошно унапредување, притоа изразувајќи благодарност за континуирана политичка и економска поддршка, како и за обезбедената развојна помош.

Сојузната министерка за ЕУ и Устав на Република Австрија Каролине Едштадлер, на прес-конференцијата рече дека Австрија ќе направи сè што може во овој регион за да добие една доверлива европска перспектива, со факти и со чекори кои со децении се чекаат и се говори за нив.

- Advertisement -
Ad image

Според неа, потребно е од зборови да се премине кон дела, а сега е вистинско време да се постави курсот на дејствување бидејќи Западниот Балкан е прашање на безбедноста на Европа и веродостојноста на ЕУ.

Министерката Едштадлер истакна и дека ЕУ и Западен Балкан треба да останат сплотени заедно, како и дека во Северна Македонија треба конечно нареден чекор за отворање на процесот на проширување, а Австрија е на почетокот на фронтот како силен поддржувач.

Share This Article