More

    Марго Роби доби понуда од 300.000 долари да ги слика стапалата

    spot_img

    Марго Роби би требало да заработи 50 милиони долари од филмот „Барби“. Меѓутоа, би можела да добие малку повеќе пари доколку прифати необична понуда.

    Сопственикот на платформата „Fun With Feet“ (Забава со стапала), која, погодувате, објавува фотографии од стапала, на актерката и испратил понуда вредна 250.000 фунти, односно нешто повеќе од 293.000 евра, пишува „Перт нау“. Во писмото до 33-годишната холивудска ѕвезда, основачот на платформата јавно и понудил да продава фотографии од своите стапала, а сето тоа поради кадар од филмот кој ги полуди обожавателите.

    Невообичаена понуда „Сите Барбики се жени, но ние всушност сме Барбики – во секој случај стереотипни Барбики. Би сакала да работам со вас на некоја содржина инспирирана од Барби, што на двете ќе ни донесе милиони“, напишала таа.

    „Исто така, „Забава со стапала“ ви нуди 250.000 фунти како почетен бонус. Ако сум во право, ќе можеме да ја искористиме опсесијата на луѓето со Барби, сето тоа благодарение на стапалата“, додала таа.

    Инаку, сопственичката открила дека веќе и доаѓаат многу муштерии бидејќи личи на Марго, односно на Барби, па решила да и испрати понуда на актерката.

    „Стапалата на Барби заработуваат луди пари, верувајте ми“, заклучила таа и му испратила понуда на Рајан Гослинг, кој го игра Кен во филмот.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img