More

    Мапата во Курск се менува во полза на Москва

    spot_img

    До 3.000 војници ќе брои севернокорејскиот баталјон во Украина кои ќе бидат испратени во рускиот регион Курск каде Русија пробува да го запре украинскиот пробив. Рускиот лидер Владимир Путин и неговиот колега Ким Јонг Ун договориле „Специјалниот баталјон Бурјат“ да биде дел од 11-та одделна амфибиска јуришна бригада на руските сили.

    Баталјонот ќе се снабдува со мало оружје и муниција, а треба да му помогне на Путин кој кубури со персонал во војната, објави Њузвик, цитирајќи го украинскиот медиум ЛИГА и неговите разузнавачки извори.

    Севернокорејците треба да бидат распореднени во близина на украинската граница кај Суја.

    Портпаролот на американското Министерство за одбрана, Патрик Рајдер претходно рече дека Севернокорејците би можеле да станат „топовско месо“ во Украина.

    – Гледаме растечки сојуз меѓу Русија и Северна Кореја. Овде веќе не се работи само за трансфер на оружје, туку за трансфер на луѓе од Северна Кореја во окупаторските воени сили – коментираше претходно украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    На 3 октомври, украински и руски новински извори објавија дека шест севернокорејски војници загинале на бојното поле во близина на Доњецк, а јужнокорејските власти рекоа дека понатамошни трансфери на војници се „многу веројатни со оглед на развојот на воените односи меѓу двете земји“.

    Украина ја започна својата офанзива на руска територија во Курск на 6 август.

    Според последните извештаи, руските сили успеале да вратат дури четвртина од територијата што Украина ја освои во Курск, два месеци откако Киев започна офанзива во областа.

    Има различни извештаи за рускиот успех во операцијата. Командантот на специјалните сили Ахмат Апти Алаудинов изјави дека Москва вратила околу половина од територијата што Украинците ја зазедоа во Курск.

    Сепак, DeepState соопшти дека Украина изгубила околу четвртина од територијата што ја окупирала, која на својот врв во август изнесувала околу 900 квадратни километри.

    Киев, од друга страна, тврди дека окупирал вкупно 1.300 квадратни километри.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img