Пред неколку дена на социјалните мрежи во групата „Грчка инфо“ се водеше полемика за тоа дали треба да се дозволи децата да бидат голи на плажа, бидејќи како што велат дечињата се мета на педофили.
Загрижувачки се коментарите на некои родители.
– Педофили отсекогаш имало и ќе има повеќе – гласеше коментарот на еден родител, додека друг додаде: „И педофилите ќе ги сликаат децата во костими за капење“.
Администраторите на оваа група изјавија дека ова се само дел од коментарите кои покажуваат колку сме необразовани, неинформирани и колку малку знаеме дури и кога се во прашање нашите деца.
– Децата на плажите најчесто се снимаат од педофили со мобилни телефони. Сепак, тие користат и други уреди. На пример, едноставен клуч од автомобил со мала камера интегрирана во него, рачни часовници со камера, книги. Дури и камери кои се во рамката на најобичните очила за сонце – се наведува во групата „Грчка инфо“.
Тие додаваат дека педофилите користат и хемиско пенкала со вградена моќна камера кои имаат USB и микро картичка.
– Минатото лето во земјата беа уапсени двајца странски државјани кои снимале голи деца со камера што ја чувале во фрижидер за на плажа! Тешко е да ги препознаете бидејќи често се мажи (па и жени) кои доаѓаат на плажа со своите семејства, од кои ги кријат своите болни нагони – предупредува „Грчка инфо“.
Експертите велат дека плажите со голи деца се „шведска маса“ за манијаци.
– Овие содржини или се разменуваат или се продаваат, а најбарани се снимките од мали деца бидејќи на пазарот имаат повисока цена. Нема да ја пренесувам статистиката на криминалците фатени додека снимаат голи деца на плажите, не е мал бројот – изјави администраторот на оваа група.
– Со слободно изложување на гениталиите на вашите деца, им овозможувате на педофилите да продаваат снимки, а со тоа заработуваат огромни суми кои дополнително ги вложуваат во проширување на мрежата. Не се работи само за директна заштита на децата кои се на сликите и видеата, овие материјали претставуваат огромен пазар, кој мора да биде отсечен од протокот на „свежа крв“. Родителите мора да придонесат за тоа, но мора да бидат информирани за тоа! – додаде таа.