На познатата плажа Логомандара во Неос Мармарас на Халкидики, каде што летуваат и голем број туристи од Македонија, забележан е педофил како гледа деца и се допира себеси, предупредија српски туристи преку социјалните мрежи, пренесува Информер.рс
Предупредувањето е споделено на Фејсбук групата Грчка инфо, а оваа грозоморна објава згрози и загрижи многу туристи кои летуваат во Ситонија.
– Забележан манијак, педофил. Плажата Лагомандра, Неос Марамарас. Пешкирот го постави покрај водата, на делот од плажата каде се плаќаат лежалки. Влегува во плиткото и стои, ги гледа малите деца, и со спуштени купаќи се допира и се останато. Случајно го видовме додека нуркавме. Кога ќе го забележат, станува и ја напушта плажата. Внимавајте, кој знае каде ќе се појави утре – стои во објавата на Грчка инфо на која е поставена и слика од „сомнителниот “ турист.
Судејќи според реакциите на луѓето, ова не е единствен случај.
– Во Аспровалта го имавме истото на плажа, само помлада личност – истакнаа во коментарите.
Порталот Грчка инфо постојано ги предупредува родителите да не дозволуваат децата да бидат голи на плажа бидејќи има педофили кои сликаат, снимаат видеа, а понекогаш и ја препродаваат таа содржина.