More

    Манев ги одвел полицајците до дупката во која бил закопан Панче, ништо друго не кажал

    spot_img

    Двајца полицајци кои сведочеа денеска во врска со убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски што се случија лани во ноември рекоа дека обвинетиот Велибор Манев ги одвел до местото каде што бил закопан велешанецот Жежовски.

    Двајцата рекоа дека Манев не зборувал ништо друго по пат освен што им го покажувал патот до местото.

    – Бевме дава тима што одевме во Велес. Велибор Манев беше во возилото со мене. Тој нѐ водеше по земјен пат до местото кое беше покриено со гранки. Се движевме 5 минути пеш по земјениот пат, имаше едно дрво и Велибор покажа, тука е местото. Тој пат мислам дека беше непрооден за возило, зашто имаше кал и многу дупки. Кога стигнавме таму, Велибор рече тука има закопан човек. Потоа презедоа колегите од Велес и ние го вративме Манев во полициската станица Кисела Вода, во Скопје. Тој по пат не зборуваше ништо – сведочеше полицаец од интервентна полиција.

    Негов колега, исто така, сведочеше за спроведувањето на Велибор Манев од полициската станица Кисела Вода до Велес.

    – Отидивме до едно место, каде требаше да се откопа дупка во која има тело. Не знаевме за кого се работи. Манев ни даваше насоки каде да одиме. Стигнавме до едно место, понатаму беше црн пат, камен, не можеше со возило и продолживме пешки, едно 300 метри. Местото беше планинско, високо, ливада со дрвја. Имаше гранки, видов дека ги исекоа гранките. Не знам колку време се копаше и колку лица имаше, беа неколкумина колеги од Велес – рече тој и додаде дека Манев не зборувал ништо со нив по пат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img