Светскиот супермодел во последно време е мета на негативни коментари поради вишокот килограми што ги доби во текот на третата бременост.
Една од најубавите жени во светот, Адријана Лима (42), не брзаше да се ослободи од вишокот килограми, туку уживаше во мајчинството.
Деновиве присуствуше на модните недели во Милано и во Париз и покажа завидна линија.
Манекенката објави фотографии, на кои е облечена во различни стајлинзи и во сите изгледа совршено.
Посебно внимание привлече златно-црниот фустан. Златниот дел од фустанот е многу паметно дизајниран.
Овој крој ја издолжува сечија фигура додека е наборен на стомакот, иако на прв поглед може да изгледа дека привлекува дополнително внимание на тој дел од телото, но поедноставниот крој би го имал токму тој ефект.
Горниот дел од фустанот е изработен од различен материјал, проѕирен е, па јасно се гледа дека Адријана Лима не носи градник. Провокативно, но не премногу.
И нејзината шминка е одлична, затоа што црвената боја на кармин одлично оди со златниот стајлинг, сандалите се прекрасни, додека убавата плетенка е најдобриот избор за фризура.
Одличниот стил на Адријана не е изненадување бидејќи таа ја познава модата, благодарение на децениското манекенство, па за трендовите и модните трендови учела од најдобрите.
ФОТО: Инстаграм