Манекенката и поранешна прва дама ја откри болеста по четири години

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Познатата манекенка и поранешна прва дама на Франција Карла Бруни Саркози на Инстаграм објави дека боледува од рак на дојка. Таа ги откри деталите од таа битка и сподели важна порака, што е најзначајната објава што некогаш ја споделила на Инстаграм. Карла Бруни со сите ја сподели својата приказна на самиот почеток на октомври, кој е посветен на борбата против овој вид рак.

„Пред четири години ми беше дијагностициран рак на дојка. Операција, зрачење, хормонска терапија, одев на вообичаениот пат на лекување на овој тип на рак. Но имав среќа – мојот рак сè уште не беше агресивен. Зошто ракот не беше агресивен ? Тоа е затоа што немаше време да стане така. Затоа што секоја година, на истиот датум, одам на мамографија. Да не го правев тоа секоја година, денес немаше да ја имам левата града“, порачала Карла Бруни на Инстаграм и нагласила:

„Не го објавувам ова за да споделам за моето здравје. Долго се двоумев пред да одлучам да раскажам. Ова го објавувам денеска, бидејќи имам една порака да испратам. Тоа е основна порака за сите жени кои ме следат – правете мамографија секоја година. Одете на мамографија. Вашите животи зависат од тоа“.

 

Карла Бруни боледувала од рак на дојка во 2019 година кога била под голем стрес бидејќи нејзиниот сопруг Никола Саркози, поранешен претседател на Франција, се соочуваше со обвиненија за корупција. Модната ѕвезда претходно проговори и за борбата со алкохолот, цигарите и шеќерот кои ги исфрлила од исхраната, пишува „Дејли мејл“.

 

 

- Advertisement -
Ad image

ФОТО: Инстаграм

Share This Article