Мандатарот Талат Џафери, согласно законските обврски, денеска до Собранието поднел целосно пополнет предлог-состав на преодната Влада

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Мандатарот Талат Џафери, согласно законските обврски, денеска до Собранието поднел целосно пополнет предлог-состав на преодната Влада. Во листата се и кандидатите за министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Нов технички министер за внатрешни работи како предлог на ВМРО-ДПМНЕ треба да биде адвокатот Панче Тошковски, а Ѓоко Велковски да биде министер за труд и социјална политика. За дополнителен заменик– министер за финансии оваа партија ја предлга Елена Петрова, за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски, а за земјоделство Цветан Трипуновски.

СДСМ претходно ги предложи своите кандидати, за дополнителен заменик министер за внатрешни го предлага Митко Бојмацалиев, досегашниот шеф на кабинет на Оливер Спасовски. Досегашната министерка Јована Тренчевска се сели во фотелјата на заменик на министер за труд и социјална политика.

На местото на Артан Груби, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ќе биде прв вицепремиер.

Во програмата, Џафери вели дека приоритет на оваа влада ќе биде успешно организирање на слободи, фер и демократски избори на 24 април и 8 мај, продолжување на сите процеси кои произлегуваат од започнатите пристапни преговори со ЕУ и забрзаната европска интеграција, раст и развој на економијата, пораст на животниот стандард преку зголемување на минималната и просечната плата и пензиите во 2024 година, намалување на инфлацијата, и одржување на ценовната стабилност и на вработеноста, директна поддршка на граѓаните и компаниите во 2024 година, владеење на правото, борбата против криминалот и корупцијата, целосен ред и поредок на државата, продолжување на реформските процеси на сите државни нивоа.

Седницата за избор на Владата е закажана за утре во 11 часот.

Share This Article